Душебаев и Дибиров во “дрим-тимот” на првото коло од ЛШ

Тимур Дибиров и Алекс Душебаев добија потврда за нивната важност во победата на Вардар против Целје со места во идеалниот тим на првото коло. Со 11 гола Дибиров е најдобро лево крило, Душебаев постигна осум, најмногу меѓу десните бекови.

Дибиров фигурира и како играч со трет најубав гол, а ниту Металург не беше изоставен и покрај поразот од ПСЖ. Дарко Станиќ ја направил најатратктивната одбрана на колото, кога ја спречи контрата на Лук Абало.

Понатаму во идеалните седум најдобар лев бек е Момир Илиќ, на десно крило избран е Каспер Ирминг Андерсон од Колдинг, на пикерската позиција соиграчот на Лазаров, Јеспер Недезбо, а колку и да беше Штербик фантастичен, сепак прв голман е Оле Еревик, чуварот на мрежата на Алборг, кој прими само 21 гол на состувањето кај Данкерк.

ИДЕАЛЕН ТИМ ВО ЛШ, 1. КОЛО

Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)

Лев бек: Момир Илиќ (Веспрем)

Среден бек: Миха Зарабец (Целје)

Десен бек: Алекс Душебаев (Вардар)

Десно крило: Каспер Ирминг Андерсон (Колдинг)

Пивот: Јеспер Недезбо (Барселона)

Голман: Оле Еревик (Алборг)