Дисциплинската комисија на Европската ракометна федерација (ЕХФ) му изрече казна од 5.000 евра на тренерот на Киелце, Талант Душебаев за неговото неспортско однесување на 1/8 финалниот нстпревар во Лигата на шампионите против Р.Н.Ловен.
За физичкиот контакт со тренерот на противникот, Гудмундур Гудмундсон, комисијата не се реши да изрече санкција со образложение дека на видеозаписот не може со сигурност да се утврди дека Душебаев го удрил Гудмундсон.
Душебаев во иднина ќе мора да внимава на своето однесување, бидејќи тој ќе се соочи со суспензија од страна на ЕХФ, доколку против него се покрене нова дисциплинска постапка до 30 јуни наредната година.