![libija parlament](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/12/libija-parlament.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Либискиот парламент со седиште во источниот дел од земјата дискутира за претседателските избори кои беа одложени мината седмица и кои ја доведоа во прашање судбината на привремената влада и поширокиот мировен процес.
Гласањето пропадна откако ривалските фракции, политичките субјекти и кандидатите не успеаја да се договорат за основните изборни правила, вклучително и за тоа кој би можело да се кандидира и како би требало да се решаваат споровите во оваа сфера.
Изнорната комисија прво дисквалификуваше 25 од 98 пријавени квандидати, но не успеа да ја договори конечната листа со правосудството и со парламентот во текот на хаотичната жалбена постапка.
Портпаролот на парламентот Абдулах Белихач изјави дека пратениците ќе дискутираат за изборниот процес и начините како да биде поддржан. Специјалната советничака на ОН, Стефани Вилијамс, изјави дека Либицјите се надеваат дека парламентот ќе распртааа за изборното законодавство и за судските жалби.
Изборната комисија предложи минатата седмица нов датум за изборите на 24-ти јануари, но парламентот би можел да разгледува подолго одложување за да се занимава со проблемите коишто кои го спречија гласањето во петокот, изјавија пратниците.
Се очекува дека парламентот наскоро ќе расправа и за судбината на првиремената влада на национално единство (GNU) и премиерот Абдулкамид ал-Дбибаха, чијашто претседателска кандидатура беше меѓу главните спорови во изборниот процес. Никои тбрдат дека не би требало да ми се дозволи да се кандидира, бидејќи ветил дека немтоа да го направи кога ја преземал должноста и дека не е чесно да учестува на изборите додека сѐ уште е премиер.
Западните сили порачаа минатата седмица оти сметаат дека GNU ќе ја сметаат за релевантна влада сѐ до предавањето на должноста на новата влада по избнорите, но не ја споменаа улогата на Дбеибах како премиер.
Дбеибах и GNU беа поставени во март годинава преку планот кој западните сили издејствуваа да добие поддршка во ОН, а ги одобри парламентот на посебна седница која ги собра ривалските фракции во домот на парламентот првпат по низа години. Парламентот беше избран во 2014 година на изборите кои предизвикаа поделбна на Либија меѓу завојуваните источни и западни фракции, а главната пратеничка група застана зад источната страна во времето на граѓанската војна.
Либија по соборувањето на Моамер ел Гадафи во 2011 година е поделена меѓу ривалските страни кои се борат за превласт. Но, нивните судири се интензивираа во април 2019 година силите на маршалот Калифа Хафтар презедео голема офанзива врз Триполи, но меѓународно признаената влада возврати и настана пат позиција.
Меѓународно признаената влада со седиште во Триполи контролира помал дел од државата. Додека Хафтар, чие седиште е во Тобрук, контролира поголем дел од земјата и поголем број нафтени полиња.
Ситуацијата во земјата дополнително се комплицира со финансиска, дипломатска и воена помош од странски сили за спротивставените страни. Турција, која ја поддржува Владата во Триполи веќе испрати војници во Либија. Владата во Триполи ја поддржуваат и Катар, САД и Италија. Хафтар има помош од Русија, Египет, Обединети Арапски Емирати, Јордан, Саудиска Арабија и Франција.