Дутерте именуваше политичка противничка за советник

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте ја именуваше денеска главната политичка противничка Лени Робредо за своја советничка за борба против дрога.

Именувањето следува откако таа го критикуваше високото ниво на смртност во акциите за сузбивање на дрогата, а нејзиниот тим ваквата понуда ја отфрли како „досетка“.

Портпаролот на Дутерте потврди денеска дека шефот на државата ја именувал Робредо за копретседател на меѓуагенцискиот панел за борба против дрогата и им наредил на сите агенции да и дадат целосна поддршка.

– Ако тврди дека борбата против дрогата е неефикасна, тогаш таа мора да има идеја како да ја направи ефикасна, истакна портпаролот Салвадор Панело.

Робредо се залага борбата против дрогата да биде од здравствени и социјални перспективи, вклучувајќи превенција и лекување, наместо спроведување полициски мерки.