Премиерот Никола Груевски и’ даде гол низ нозе на ЕУ. Груевски со два гола се впиша во листата на стрелци на фудбалскиот натпревар, кој доцна вечерва се одигрува во австрискиот главен град Виена.
На натпреварот силите ги одмеруваат претседателите на Влади и нивни претставници на земјите од Западен Балкан, со преставници на земјите од Европската Унија.
Груевски даде два од вкупно три гола на натрпеварот со што на Западен Балкан води три нула против тимот на ЕУ. Судија на мечот е комесарот Јоханес Хан.
Вториот гол на Груевски беше даден на атрактивен начин при што топката помина низ нозете на голманот на тимот на ЕУ.