Два авиона евакуирани на аеродром во САД

Два авиона беа евакуирани по слетувањето на меѓународниот аеродром „Сиетл-Такома“ во САД, поради безбедносни причини.

Портпарол на аеродромот изјави дека станува збор за авиони на авиокомпанијата „ЏетБлу“ од Лонг Бич и на „СкајВест“ од Феникс.

Според него, започната е истрага, без да бидат соопштени повеќе детали.

Портпарол на „Делта Ерлајнс“ истакна дека летот на нејзин авион на релација Лос Анџелес-Орландо бил откажан, исто така, поради безбедносни причини.

Засега не е познато дали има поврзаност меѓу некои од заканите.

Во текот на викендот поради дојава за поставени бомби во два авиона, кои патувале кон Атланта, биле испратени два авиона-ловци Ф-16, кои ги следеле леталата до нивното слетување.