
Бразилските клубови Алтетико Паранаенше и Брагатињо ќе играат во финалето на годинешното издание на Копа Судамерикана, јужноамериканската верзија на Лига Европа.
Брагатињо во давата натпревара со вкупни 5:1 (2:0 и 3:1) беше подобар од парагвајскиот претставник Либертад.
Атлетико во реваншот од полуфиналето игран ноќта кон петокот во Куритиба, го совлада уругвајски Пењарол со 2:0 и со вкупни 4:1 се пласираше во финалето. Стрелци за Атлетико беа Никао и 24 и Роша во 81 минута, а за гостете во 34 минута Сепелини не реализираше најстрога казна.
Финалето на Копа Судамерикана на распоредот е на 6-ти ноември, а ќе се игра на стадионот „Сентарио“ во уругвајската престолнина Монтевидео.