Двајца дебрани приведени поради поседување марихуана

Двајца помлади мажи се приведен во средата во полциската станица во Дебар, откако кај нив била пронајдено засега неутврдено количество марихуана, извести Министертвото за внатрешни работи.

Во соопштението на МВР се наведува дека станува збор за 33-годишниот А.Р, и 25-годишниот Д.Р., двајцата од Дебар, кои биле приведенио откако при претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба и при нивен личен преглед, кај Д.Р. била пронајдена марихуана.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.