Двајца жители на Гостивар во тект на вчерашниот ден биле каснати од кучиња скитници.
Вчера во Полициската станица Гостивар, В.А.(48) од Гостивар пријавила дека на улица „Никола Тесла“ во Гостивар била касната од куче скитник на левата нога.
Истиот ден, С.С.(31) од Гостивар пријавил дека на истата улица бил каснат од куче скитник на десната нога.