Двајца кумановци повредени во судар кај Проевски мост

Во четвртокот вечерта, околу 21.10 часот било пријавено дека на регионалниот пат Куманово–Свети Николе, во близина на Проевски мост, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.А, на 34 години и патничко возило „тојота“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од 53-годишниот Б.З., двајцата од Куманово.

Во несреќата, Б.З. се здобил со тешки телесни повреди, а Д.А. се здобил со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.