Двајца малолетници од Скопје приведени за разбојништво извршено во Битола

Во петокот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – Полициско одделение Шуто Оризари лишиле од слобода двајца малолетници од Скопје, кои се осомничени дека претходно седмицава извршиле разбојништво во Битола.

Имено, по преземени мерки и извршени оперативни проверки, полициски службеници од Отсекот за општ криминал од криминалистичката полиција при СВР Битола во содејство со полициски службенци од Полициско одделение Шуто Оризари констатирале дека двајцата малолетници на 12-ти октомври годинава во колонијална продавница на Широк Сокак во Битола физички ја нападнале вработената и одзеле пари.

Во службен разговор во полициска станица, извршен во присуство на старатели, тие го признале делото. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.