Жена од Кочани на 31-годишна возраст пријавила дека две лица насилно ја внеле нејзината малолетна ќерка во автомобил, информира полицијата.
Вчера во 03 часот во полициската станица Кочани, жената пријавила дека на 04 јануари околу 18 часот во Кочани, две лица со употреба на сила ја внеле нејзината малолетна ќерка во патничко возило со штипски регистарски ознаки.
Таа по некое време успеала да побегне и се вратила дома.