Двајца мажи од Битола се удавените туристи во Албанија

Двајцата туристи од Македонија кои се удавија во морето кај Спиле, Албанија се од Битола.

Како што објави телевизијата Top Channel, жртвите се идентификувани како жители на Битола, 75-годишниот Р. Дамковски и две години повозрасниот Ц. Митановски кои шест години по ред летувале во истото место.

Албанските медиуми јавуваат дека двајцата биле блиски пријатели кои на албанскиот брег дошле заедно со група од 52 туристи. По ручекот, тројца од нив влегле во вода, а само еден успеал да излезе.

„Околу 11:25 часот на плажата Спиле, двајца македонски државјани се удавија. Според првичните сознанија причина се големите бранови и срцев удар. Станува збор за М.М (79) и Ц.М.(78“, стои во полициското соопштение.

Генералниот секретар на албанската федерација на спасувачи на вода, Гент Ласаку, за News24 изјавил дека двајцата туристи се капеле на јавна плажа и биле дел од туристичка група од Македонија. Им била направена срцева масажа, но за жал безуспешно.