Две лица го загубија животот, а едно е повредено во сообраќајна несреќа која синоќа околу 10 минути по полноќ се случила на патот од Штип до Виничка крстосница.
Од МВР информираат дека во несреќата учествувале автомобил „мерцедес Е270“ со винички регистарски ознаки управуван од В.И.(49) од село Истибања, виничко и „фолксваген пасат“ со бугарски национални ознаки управуван од Г.И.(48) од Штип, во кое како сопатник се превезувал Б.З.(39) од кочанското село Горни Подлог.
„Во незгодата починале возачот на „мерцедес Е270“, В.И. и сопатникот во патничко моторно возило „фолксваген пасат“ Б.З., чија смрт е констатирана во Општата болница Кочани, додека возачот на патничко моторно возило „фолксваген пасат“ Г.И. бил пренесен во Клиничка болница Штип каде му биле констатирани повреди“, велат од МВР.