Двајца охриѓани прегазени во Будва, полицијата распиша потерница за возачот

Двајца македонски државјани се повредени во Будва кога 20-годишно момче со автомобил прегазило шестмина пешаци.

Полицијата во Будва распиша потерница за Л.Б. (20) од Белград кој ноќва, околу еден часот по полноќ со своето БМВ прегазил шест пешаци. Полициски патроли ги блокирале излезите од градот откако автомобилот бил пронајден напуштен на патот кон брдото Топлиш.

Како што објави весникот „Вијести“, белграѓанецот ги прегазил шесте пешаци кои оделе по тротоарот на главниот булевар, враќајќи се по излегување во град.

Повредени се Љ.П. (70) и Н.Ц. (50) двајцата од Охрид, како и српските државјани А.Ц. (19) од Лозница, Н.Л. (18) од Тршич и С.Б. (18) и Н.М. (19) двајцата од Бања Ковиљача,

Сите пешаци се здобиле со полесни повреди и се префрлени во которската болница.

Откако ги прегазило пешаците, момчето, наводно, продолжило да вози и не застанало да види што се случило со повредените.