Двајца осомничени за 11 провали во куќи во штипско

Двајца жители на селото Црвулево се приведени во штипската полиција, поради сознанија дека сториле десетина тешки провали и кражби во приватни куќо на териториите на Крабинци и Штип

По добиени оперативни сознанија од страна на полициски службеници од СВР Штип во средата се уапсени 33-годишниот М.А. од Штип и 25-годишниот П.И. од Црвулево, општина Карбинци, поради постоење основи на сомнение дека сториле 11 кривични дела „тешка кражба“ од куќи на подрачјето на Штип и с.Црвулево, од каде одзеле разни предмети, соопштија од МВР.

Дел од предметите кои се предмет на кривичните дела се пронајдени, одземени и вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите против М.А. и П.И. ќе бидат поднесени соодветни пријави до Основното јавно обвинителство, соопштија од МВР.