Двајца осуденици се обиделе да ја напуштат државата, приведени на Табановце

На 30.11.2019 во 09:30 часот на Граничен премин „Табановце“, при пасошка контрола било констатирано дека Г.Д.(60) од Скопје се наоѓа на СТОП листата за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 297 од Кривичниот законик. Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

На 30.11.2019 во 14:00 часот на Граничен премин „Табановце“, при пасошка контрола било констатирано дека лицето Ш.М.(36) од с.Сарај, скопско, се наоѓа на СТОП листата за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 235 од Кривичниот законик. Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.