Израелските безбедносни сили убиле во вторникот во палестинска енклава Западниот брег (на реката Јордан), кој меѓународната заедница ја смета за окупирана палестинска територија од Израел во војната од 1967 година, командант на палестинско движење и уште еден борец, што предизвикало нови судири во кои во одвоени инциденти загинале двајца палестински тинејџери.
Израелските сили ја опколиле куќата на Ибрахим ал-Набулси, виш командант на Бригадите на мачениците на Ал Акса на ал-Фатах, кој долго бил на израелската листа барани лица. Ал-Набулси се забарикадирал во домот и одбил да се предаде. Убиен е со уште еден соборец во престрелка со израелските сили кои користеле и мобилен ракетен фрлач, објави израелската војска.
Инцидентот е најсмртоносниот инцидент на Западниот брег откако Израел и Исламскиот џихад од Појасот Газа ги прекинаа тридневните судири, најжестоките по повеќе од една година.
Ал-Набулси бил член на неодамна основаната Наблуска бригада, во која имало и борци на Исламски џихад. Израелската војска објави дека ал-Наблуси бил осомничен дека извел неколку вооружени напади врз израелски војници и цивили.
По убиството на ал-Набулси избувнале судири во коишто израелските војници пукале врз Палестинците кои ги гаѓале со камења и пиротехника.
Исламски џихад објави дека во Наблус загинал 16-годишник. Во Хеброн, пак, на повредените им подлегнал 17-годишник ранети во судирите. Израелската војска објави да одговорила на „насилен бунт“ во споменатата област.
Палестинските здравствени претставници соопштија дека загинале четири лица, како и дека се повредени повеќе од 40 лица. Нема извештаи за жртви или настрадани на израелската страна. Израел последните месеци ги засили рациите на Западниот брег, откако пред во април напаѓачи од енклавата изведоа неколку смртоносни напади во Израел со повеќе од десет жртви.
Според палестински извори, најмалку 44 Палестинци, од кои најмалку половината се цивил а меѓу кои и најмалку пет деца, загинале во трите дена израелски напади во Газа кои беа прекинати на 7-ми август со договорот за прекин на огнот со Исламски џихад кој главно се почитува. Милитантите истрелале повеќе од 1.000 ракети врз јужен Израел, но нема извештаи за израелски жртви, бидејќи израелската одбрана пресретнала многу од проектилите.