Двајца починаа, 855 нови случаи на КОВИД-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа регистрирани се нови 855 случаи на КОВИД-19. Починале две лица.

Од вкупниот број на позитивни (855), регистрирани се 189 реинфекции.
Досега во земјата се направени вкупно 2.116.007 тестирања на КОВИД-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 327.009, бројот на оздравени пациенти е 312.443, на починати е 9.370, а бројот на активни случаи изнесува 5.196.