Во вторникот околу 19 часот било пријавено дека во близина на терминал на Граничен премин „Деве Баир“, патничко возило „дачија дастер“, сопственост на Министерството за внатрешни работи, управувано од полициски службеник, удрило во товарно возило.
Станува збор за паркиран камион од марката „рено“, со турски национални ознаки, со кое претходно управувал 64-годишен турски државјанин.
Двајца полициски службеници се здобиле со телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Крива Паланка.