Двајца повредени во сообраќајка кај тунелот на магистралниот пат Охрид – Ресен

На 04.06.2024 во 07.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека кај тунелот на магистралниот пат Охрид – Ресен се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.С.(67) од Битола и патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(56) од охридското село Требеништа, информира МВР.

Во несреќата, возачот М.Т. се здобил со тешки телесни повреди, додека неговиот сопатник Р.Ј. се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Ерамо“ во Охрид.

Увид на местото извршила екипа на СВР Охрид.