На магистралниот пат Кичево- Струга околу 20 минути по полноќ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Џ.Е.(75) од Охрид и патничко моторно возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(24) од с.Обршани, прилепско.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Џ.Е., а со телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „фолксваген“, Т.Е.(57) од Република Албанија, констатирани во специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.