Двајца повредени во судар на автомобил и автобус во Битола

Возач на автомобил и патничка во автобус се повредени во сударот кој доцна вечерта во средата се случил меѓу двете возила во Битола

Според МВР, во инцидентот на улицата „Македонска фаланга“ околи 22,40 часот учествувале автомобил „хундаи“ и автобус од марката „ман“. Притоа, со тешки повреди се здобил возачот на автомобилот, 41-годишниот Н.Т. од селото Горно Оризари, битолско. Повреди биле констатирани и кај 25-годишната битолчанка патничка во автомусот, на која исто така медицинска помош ѝ била укажана во Клиничка болница Битола.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.