Двајца повредени во судар на автомобил и мотоцикл во Скопје

Две лица од кои едно потешко се повредени во сообраќајна несреќа која се случила во понеелникот во 14 часот на улицата „Беласица“ во Скопје.

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале автомобил „хjундаи“, управуван од 52-годишната М.А. од Скопје и мотоцикл „КТМ“, управувано од 24-годишниот М.К. од Скопје, и двете со скопски регистарски ознаки.

Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Аџибадем Систина“. Со телесни повреди се здобила М.А., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, велат од полицијата.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.