Двајца повредени во судар во Скопје

архивска илустрација

На 08.04.2022 во 20.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Благоја Паровиќ“ и ул.„Георги Попристов“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.Л.(30) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Х.Б.(25) од Скопје.

Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, а малолетен сопатник на мотоциклот се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.