
Двајца жители на тетовското село Брвеница се приведени откако во нивните домови се најдени дрога и оружје. Полициските службениците претресите кај нив ги направиле врз основа на судска наредба.
Вчера во тетовска Брвеница, полициски службеници од СВР Тетово, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во дом и помошни простории двајца 70-годишниот Т.Ј и 47-годишниот Д.Ј. При претресот кај Д.Ј. биле пронајдени и одземени неколку кеси со марихуана, ловечка пушка калибар 12мм, воздушна пушка и повеќе од 40 куршуми различен калибар, додека кај Т.Ј. биле пронајдени и одземени четири куршуми, исто така, од различен калибар, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Двајцата биле лишени од слобода и задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.