Двајца работници повредени по пад од височина

Двајца работници се здобиле со повреди по пад од висина, а сучајот во полиција бил пријавен вчера околу 12 часот.

-Во комплексот клиники „Мајка Тереза“ биле донесени Б.С.(34) од Свети Николе и А.В.(31) од Скопје, двајцата вработени во фирма во Скопје, кои се здобиле со повреди од пад од висина, информираат од МВР.

Кај Б.С. биле констатирани тешки телесни повреди, а кај А.В. телесни повреди. За настанот бил известен трудов инспектор.

Се работи на расчистување на случајот.