Две лица се ранети во престрелка во нов напад во источен Ерусалим во саботата, извести израелската полиција и го квалификуваше инцидентот како „терористички чин“ изведен ден по смртоносниот напад во синагогата во истиот град, што го осудија израелските сојузници и некои арапски земји, а во истрагата за тоа се приведени 42 лица.
Израелската полиција соопшти дека напаѓачот во Давидовиот Град е „неутрализиран“ и ранет, како и дека мотивот е тероризам. Каналот на државната телевизија Kan дека објави дека напаѓачот е од квартот Силван и оти има само 13 години.
Израелската служба за итна помош Маген Давид Адом објави дека двајца мажи се тешко ранети и се пренесени во болница. Според извештаите на локалните медиуми, станува збор за татко и син.
Саботниот напад се случи помалку од 24 часа откако палестински напаѓач уби седум лица во близина на синагога во источен Ерусалим и израелската полиција привела 42 лица на испитувања во врска со петочниот напад изведен на Меѓународниот ден на сеќавањето на жртвите на холокаустот.
„Приведени се и роднините и соседите на загинатиот 21-годишен напаѓач“, соопшти израелската полиција во саботата.
Неколку други лица се исто така повредени во петокот вечерта кога напаѓачот отворил врз луѓето кои излегувале од синагогата во населбата Неве Јааков. Полицајците го усмртиле напаѓачот на самото место, а израелските безбедносни сили темелно го пребаруваат подрачјето на нападот.
Јордан и Египет, двете арапски соседни земји кои со Израел имаат мировен договор, го осудија нападот во синагогата, како и Обединетите Арапски Емирати, една од четирите арапски блискоисточни земји коишто изминативе неколку години потпишаа договори за нормализација на односите со еврејската држава.
Лутиот израелски противник либанското шиитско движење Хезболах во саботата го поздрави нападот во синагогата, како и палестинското исламистичко движење Хамас кое е на власт во енклавата Појасот Газа, како „одговор за злосторството во Јенин и како природен одговор на криминалните дејствија на окупаторот“.
Вкупно девет Палестинци се убиени и уште 20 други се ранети во судирите со израелските војници во четвртокот во Јенин, во втората палестинска енклава Западен брег (на реката Јордан) којашто меѓународната заедница го смета за окупирана палестинска територија од Израел во ткн Шестдневната војна во 1967 година. Израелската војска соопшти дека операцијата во Јенин била спроведена со цел да се апсат припадници на палестинската милитантна групација Исламски џихад, која во саботата исто така го поздрави петочниот напад во синагогата.
Тензиите меѓу Палестинците и Израелците растат по низата напади од минатата година. Кабинетот за безбедност на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе се сретне во саботата навечер.
Зголемување на насилствата дојде по низата смртоносни палестински исламистички улични напади во израелските градови во март и април 2022 година. Според палестинското министерство за здравство, од 1-во јануари годинава израелските сили на Западниот брег убиле најмалку 29 Палестинци, вклучително и вооружени напаѓачи и цивили.
פיגוע ירי בעיר דוד | דובר מד”א זכי הלר: “גבר בן 47 וצעיר בן 23 נפצעו באורח בינוני עד קשה עם פגיעות ירי בפלג גוף עליון. הם מטופלים בבית החולים. שניהם בהכרה מלאה” pic.twitter.com/TICmwrHwG6
— כאן חדשות (@kann_news) January 28, 2023