Двајца разбојници ограбиле обложувалница во Скопје

Двајца разбојници, од кој едниот вооружен со пиштол се осомничени за кривично дело разбојништво, односно за грабеж на спортска обложувалница во Скопје.

Основното јавно обвинителство извести дека тие на 9 овој месец влегле во објект на спортска обложувалница на улица „Зеничка“ во Скопје. И се заканиле на една од вработените дека ќе ја повредат ако не им ги даде парите од прометот.

Едниот осомничен, со пиштол во раката, побарал од оштетената да каже каде се парите и ја турнал до ѕидот, додека другиот се упатил кон работниот пулт и од една од фиоките зел 188.460 денари. За овој грабеж уапсен е само еден од разбојниците, додека по вториот е распишана потерница.