Двајца рудари загинаа, а 20 останаа затрупани откако се урна рудник за злато во Зимбабве.
Весникот „Хералд“ ја пренесува изјавата на претставник на Единицата за цивилна заштита во округот Квекве, на 200 километри југозападно од главниот град Хараре, дека спасувачкиот тим пронашол две тела.
Наскоро ќе почне спасувањето на затрупаните рудари.
Несреќата се случила синоќа, а откриена е откако рударите не го напуштиле рудникот утрово по ноќната смена.