Во Полициската станица Аеродром вчера околу 15.05 часот биле приведени А.М.(20) и В.А.(19), двајцата од Скопје, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка на бул.„Јане Сандански“ и притоа немале документи за идентификација.
Потоа В.А. физички нападнала полициски службеник кој вршел службени дејства.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.