
Полициските службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во содејство со СВР Скопје – Единица за недозволена трговија на наплатна рампа „Миладиновци” во средата ги привеле 43-годишниот Т.З. и 30-годишниот Ш.Н., двајцата од Штип.
Имено, при извршена контрола на автомобилот „голф”, со штипски регистарски ознаки, управувано од Ш.Н. од Штип, во кое сопатник бил Т.З., и преглед над двете лица, полициските службеници кај Т.З. пронашле полиетиленско пакување хероин.
Без наведување повеќе поединости за инцидентот и количеството на откриениот наркотик, Министерството за внатрешни работи додава дека двајцата се приведени во Полициска станица Гази Баба во Скопје, а по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.