Во четвртокот околу 14 часот на улицата „11 Октомври“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода П.К. на 23 и С.Д. на 20 години и ), двајцата од Скопје, и 20-годишниот С.Ј. од Велес.
Тие биле затекнати како оштетуваат излози на две правни лица, при што одзеле и разни предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците, а лицата биле приведени во Полициската станица Кисела Вода и со нив бил извршен службен разговор.
За случајот е известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање Единицата за внатрешни работи Кисела Вода-Одделение за криминалистички работи против нив ќе поднесе соодветна пријава.