
Ноќта кон петокот, околу 1,25 часот по полноќ во угостителски објект на скопскиот булевар „Кузман Јосифовски Питу“ полициски службеници ги лишиле од слобода М.С. на 40 и А.П. на 45 години, и двајцата од Скопје.
Непосредно пред тоа, по претходно недоразбирање со менаџерите на објектот, сакале да фрлат рачна бомба кон нив во објектот.
Лицата се приведени во полициска станица, а неексплодираната бомба е обезбедена и подигната од Единицата за антитероризам. Нема повредени лица или било какви оштетувања.
По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.