Двајца скопјани приведени за поседување наркотици

Две лица во Скопје, возрасен маж на територијата на општина Центар и тинејџер во населбата Карпош се приведени во петокот откако полицијата кај нив открила марихуана и прашкаста материја за која постојат сомневања дека е наркотик.

Во петокот околу 13,30 часот на подрачје на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 43-годишниот Е.Ж. од Скопје, затоа што при преглед кај него биле пронајдени марихуана и прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Половина час порано, околу 13 часот на подрачје на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле 18 годишниот М.М. од Скопје, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.