Двајца тешко повредени, се судрија автомобил и камион

На 05.12.2023 околу 14:00 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Брегалничка“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“, управувано од С.Т.(78) од Штип и товарно возило „ман“, управувано од Д.Н.(64) од Пробиштип, двете со штипски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни пореди се здобиле возачот на возилото „пежо“ и неговата сопатничка Ц.Т.(77) од Штип, констатирани во Клиничка болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Штип.