Двајца тешко повредени во превртување на автомобил кај „Скопјанка“

Во саботата попладнето околу 17,30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Кузман Јосифовски Питу”, патничко возило „фиат стило” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ц., на 24 години, од Скопје, удрило во жардињера и се превртело.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 25-годишниот сопатник Д.Т. од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”, додека со телесни повреди се здобиле возачот и другиот сопатникот Д.М. на 26 години од Скопје, констатирани во Градската општа болница „СВ.наум Охридски”.