![policija1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/12/policija1.jpg?resize=696%2C470&ssl=1)
Вчера, во 16 и 17 часот, во СВР Тетово на службен разговор биле повикани С. З. (66) и И. З. (36) од тетовска Брвеница.
Двајцата биле пријавени од Д. С. (60) од тетовско Милетино и од А. Д. (45) од тетовски Челопек дека се однесувале агресивно кон нив и ги спречиле во извршување службени дејства во нивниот склад за дрва во Брвеница.
Според пријавеното, двајцата на општинските инспектори не им дозволиле да извршат мерење бучава, а потоа и им се заканувале во складот и во нивните деловни канцеларии.
Полицијата информира дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.