Во средата полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода О.У. на 24, Б.У.на 28, Ф.Ш. на 20 години и 17-годишен малолетник, сите од Штип.
Тие се сомничат дека ден претходно околу 17:30 часот со употреба на сила внеле 17-годишен малолетник од Штип во патничко моторно возило „сеат“, по што во близина на место викано Мирјанина црква во Штип физички го нападнале, при што употребиле и тврд предмет.
Исто така, тие се сомничат дека во текот на денот со употреба на сила го внеле и 19-годишниот М.Ј., исто така, од Штип, во возило „сеат толедо“ а подоцна во селото Шашаварлија физички го нападнале и му нанеле тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип.
Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.