Северна Кореја јавно осуди двајца тинејџери на 12 години тешка работа за гледање јужнокорејски серии, забранети во земјата, тврди Би-би-си на корејски јазик повикувајќи се на снимки од истражувачкиот институт САНД.
На видеото за кое се верува дека е направено во 2022 година, се гледаат двајца 16-годишници врзани со лисици пред стотици студенти на стадионот на отворено, како и униформирани полицајци, кои ги караат тинејџерите затоа што „не размислувале длабоко за нивните грешки“.
Како што пишува Би-би-си, полицијата ги именувала и тинејџерите и ги открила нивните адреси.
Обезбеденото видео наводно било дистрибуирано во Северна Кореја со цел идеолошко образование и предупредување граѓаните да не гледаат „декадентна содржина“, а вклучува и наратор, кој ја повторува државна пропаганда.
Претходно, малолетници кои го прекршувале законот на овој начин биле праќани во младински работни логори, а казната обично била помала од пет години. Сепак, во 2020 година, Пјонгјанг донесе закон со кој гледањето или дистрибуирањето на јужнокорејска забава се казнува со смрт.