Во саботата, во 21.30 часот кај наплатна рампа Смоквица, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и Граничен премин „Богородица“ ги лишиле од слобода 19-годишниот Ф.Д., кој управувал патничко возило „опел вектра“, со штипски регистарски ознаки и 16-годишен совозач, двајцата државјани на Србија, бидејќи при контрола во возилото биле пронајдени девет мигранти.
Од нив, шест биле кубански, а три индиски државјани.
Поради постоење основи на сомневање за сторено кривично дело по чл.418-б од Кривичниот законик, возачот и совозачот биле приведени во полициска станица. За случајот е известен Јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција и ќе се соочат со законски превидените поднесоци, додека лицата мигранти биле спроведени во Транзитниот центар „Винојуг“ Гевгелија за понатамошна постапка.