Двајца тинејџери повредени откако со мотоциклите се судриле со автомобил

Двајца седумнаесетгодишници кои управувале мотоцикли се повредени во саботата попладнето во сообраќаен инцидент во скопската населба Радишани, а повредени се и возачот и сопатничка од автомобилот кој исто учествивал во сударот.

Инцидентот бил пријавен во 16:45 часот на крстосницата од улиците „Радишанска“ „Боро Кралевски“, се случила сообраќајна незгода меѓу автомобил „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од 28-годишниот Н.К. од Скопје, моторцикл „кивеј“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 17 годишник од Скопје и моторцикл „јонвеј“ со скопски регистарски ознаки управуван од 17 годишник од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата моторциклисти, констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ и Градската општа болница „8-ми Септември“.

Со телесни повреди се здобил возачот Н.К. и уште една сопатничка од истото возило констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.