Двајца тинејџери се убиени а уште десетина други се ранети во пукотница во кварот Ист Олгени во Питсбург, во американската сојузна држава Пенсилванија, соопшти во неделата тамошната полиција.
Десет настрадани со рани од огнено оружје се згрижени во болниците во областа, соопштија локалните власти, за подоцна да објават дека единаесеттото рането лице било примено во болница и дека засега не е позната неговата состојба.
Сите настрадани биле пренесени во болниците, каде што била потврдена смртта на две жртви. Притоа не се појаснува дали починале по хоспитализирање.
Прелиминарните сознанија на истрагата укажуваат дека биле испукани околу 50 куршуми во изнајмен локал каде што се собрале речиси 200 лица, од кои многу биле малолетни, на голема забава.
Истрелите ги натерале некои од присутните на забавата да скокаат од прозорците, при што се здобиле со повреди како скрешници и расекотини, велат властите додавајќи дека уште неколку истрели биле истрелани надвор од објектот.
Засега полицијата не објави поединости за осомничените за смртоносниот инцидент.