Во саботата (02.07.2022) околу 19 часот на место викано Клисура на автопатот А1, во близина на Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Богородица ги лишиле од слобода од С.Р. на 22 години од селото Брест, општина Чучер Сандево и 25-годишниот Е.Ј. од скопското село Арачиново, поради сомневање за илегално пренесување мигранти.
При преглед во возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал С.Р., а сопатник бил Е.Ј., биле пронајдени 14 мигранти, по шест државјани на Сирија и на Пакистан и двајца од Авганистан.
Претходно, во 18.30 часот, на автопатот А1 во правец од Прдејци кон Демир Капија, возилото не застанало на знак за запирање од полициски службеници, а кога било запрено возачот, совозачот и мигрантите се обиделе да избегаат, но биле спречени и лишени од слобода.
С.Р. и Е.Ј. биле приведени во Полициската станица Неготино за натамошна постапка, а мигрантите биле спроведени во Транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.