Две лциа се убиени откако млад војни во средата отворил оган од автоматска пушка на воен полигон во Јапонија.
Трето лице е тешко повредено во текот на инцидентот на воениот полигон во централниот дел од земјата, известуваат локалните медиуми.
Јапонската новинска агенција Kyodo, повикувајќи се на полицијата, објави дека 18-годишен војник кој пукал од автоматска пушка е уапсен поради наводен обид за убиство и дека го признал злосторството.
Нема информации за неговите мотиви, а во инцидентот не настрадал ниеден цивил, пренесува агенцијата.
Јавната јапонска телевизија NHK повикувајќи се на Министерството за одбрана извести дека уапсениот 18-годишник е припадник на вооружените сили. Настраданите лица биле пренесени во болница, а две од нив им подлегнале на повредите. Меѓу настраданите се маж во 50-те и двајца во 20-те години, се додава.
Генералниот секретар на министерскиот кабинет Хироказу Матсуно изјави дека инцидентот се одиграл околу 9 часот утрото на стрелиштето во градот Хино во централната префектура Гифу, а биле истрелани осум куршуми.
Ваквите инциденти со пукање се исклучително ретки во Јапонија, каде поседувањето огнено оружје е строго регулирано и секој кој сака да го поседува мора да мине низ ригорозна пастапка на проверка.