Двајца мажи се убиени а една жена е тешко ранета во саботата во два напади општината Шоле во депармантот Мен-е-Лоар на западот на Франција, извести телевизискиот канал BFMTV повикувајќи се на извори во полицијата кои дека во врска злосторството е уапсен 35-годишен маж.
Според претседателот на општината Жил Бурдле, две од жртвите биле најдени среде улица со згмечени глави. Жената којашто е веројатно сопруга на една од жртвите била итно хоспитализирана.
„Имаме две стари лица за кои беше утврдено дека се повредени, за жал мажот не ги преживеа повредите а неговата сопруга во извонредно тешка состојба е пренесена во болница“, изјавил за AFP, државниот обвинител во Анже, Ерик Бујар.
Според полицискиот извор на BFMTV, 83-годишниот маж бил пренесен со хелокопетр во болница, но починал во текот на транспортот, а 81-годишната жена била пренесена во болницата, но подоцна нејзиниот живот не е загрозен. Во вториот напад, еден маж „во педесеттите години“, во процесот на идентификување „им подлегнал на повредите“, додал обвинителот.
Осомничениот, 35-годишен маж, бил уапсен во неговиот дом, во близина на местото на злосторството, по пријавата во полицијата.
„Засега нема доволно елементи да потврдиме дека го имаме сторителот“, додал Бујар за AFP.
Оружјето со коешто е извршено злосторството е „тап или предмет за сечење“, додале од обвинителството.
„Засега нема назнаки за терористичка заднина и нема изршено обезглавувае како што се ширеа слухови“, рекол обвинителот Бујар додавајќи дека осомничениот бил познат по некои некои казнени дела но засега непознати се неговите мотиви.