
Два млади животи згаснаа во страшната сообраќајка кај селото Ботун, општина Дебарца. Во возилото кое излетало од патот биле возачот Ф.К. (22) и неговата сопатничка Е.С. (21).
Според информациите на СВР Охрид, несреќата била пријавена на 29 ноември 2024 година, во 07:21 часот. Патничкиот автомобил „aуди“ со кичевски регистарски таблички излетал од патот, при што возачот и неговата сопатничка починале на местото на настанот. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид.
На местото на несреќата извршен е увид од страна на јавен обвинител, сообраќаен вештак и полициски екипи. По наредба на јавниот обвинител, врз телата на починатите ќе биде извршена обдукција за да се утврдат причините за оваа трагедија.