Двајца застрелани во бар во Љубљана

Денеска околу 15 часот љубљанската полиција добила информација за пукање во областа Фужине. Во пукотницата се убиени две лица, соопшти полициската управа во Љубљана.

Полицијата во околината на Љубљана попладневно пронашла мртов човекот, за кој се пренесува дека е напаѓачот кој уби двајца, а се претпоставува дека тој си го одзел животот.
Како што јавуваат локалните медиуми, пукањето се случило во барот „Сомбреро“.