Два дена јавноста нема одговор што барала Јанева на средбата со Заев

Интегрален текст од прес конференцијата на Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ:

„Зоран и Вице Заев два дена бегаат од одговорите што разговарале со осомничените во случајот „Рекет“.

Два дена имаме целосен молк од Зоран Заев и Вице Заев. Не објаснуваат што зборувал Зоран Заев на средбата со Катица Јанева во август. Откако веќе на целата македонска јавност и беше познато за случајот „Рекет“ и беа објавени во јавноста снимките во кои што се гледа торбата Луј Витон. И што правел во текот на месеците јуни и јули братот на премиерот Вице Заев заедно со Зоран Милески Кичеец. Ако е вистина дека Зоран Заев го пријавил прв случајот како тогаш се гледал тој и неговиот брат со главните осомничени во случајот во кој што тој прв го пријавил?

Два дена има свесно одбегнување на одговори и креирање на лажни вести, проѕирни спинови само за да се одбегне одговорот на прашањето што барала Катица Јанева на средба со Зоран Заев? И што барал Зоран Милески Кичеец веќе осуден на средба со Вице Заев?

Прво сметаме дека е чесно да излезе Зоран Заев лично и без разлика на тоа дали или нема да се презентира аудио материјалот во судница да каже што зборувал со Катица Јанева во текот на месец август.

Второ, чесно е неговиот брат Вице Заев да излезе и да каже прво што барал и во кое својство на средба со осомничен тогаш во случајот „Рекет“ и второ што зборувале за истото?

И трето, го повикуваме министерот тогашен на МВР, Оливер Спасовски да каже што има во аудио материјалите? Што е тоа толку страшно што се крие во овие материјали и не се објавува во јавноста и во судницата?

Она што можеме да го ветиме е дека по промената на 12-ти април детално ќе се истражи „Рекет“, и јавноста ќе добие одговор низ докази и факти кој е на врвот на „Рекет“. На врвот на „Рекет“ не се овие тројца кои што сега ги гледаме во судскиот процес, тие се само извршителите“.