Фејсбук страната Ѓорче Петров сподели видео на кое се гледа како дива депонија веќе два дена гори во општината и никој не презема ништо.
-ГОРИ ЃОРЧЕ, ГОРИ КАРПОШ, А СКОПЈЕ СЕ ДАВИ !
Веќе втор ден како гори депонијата во Ѓорче Петров кај пречистителната станица во Ново Село.
Два дена неподнослив мирис и смрдеа, а ѓубрето не престанува да се истура !
Цела зима бевме на врвот на листата на најзагадените места во Скопје и во Македонија.
Каде се градоначалниците и одговорните ?
Кога некој од нив ќе се погрижи ова да биде минато ?
Не е прв пат да се случува ова, а во последно време се случува се почесто !
Ќе превземе ли некој нешто ова да се спречи ?
Цело време читаме прилози како се чистеле депонии и се преземале мерки против загадувањето.
Ова се тие мерки ?
На оваа депонија во Ѓорче Петров дури и надлежните фрлаат шут !
До кога ќе се труеме ?, стои во статусот на страната на Ѓорче Петров.